СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  09.1.2020
Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката...

Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи.

Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија - портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија - поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет.

Но, зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции  надвор од судница.

Заради сите овие прашања судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи“ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_