СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Гостите имаа можност за прв пат да посетат еден суд во земјата каде се запознаа со просторните и техничките услови за работа, функционирањето на судските писарници, постапувањето на стручната служба, ги посетија суднците опремени со аудио и видео опрема за снимање на расправите како и медиа центарот на судот.
Меѓу другото, идните правници, имаа можност за разговор со судијата од Одделението за Организиран криминал и корупција, Даниела Димовска, која им ја објасни целокупната постапка за водење на судски предмети и главна расправа, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат судиите и одговори на сите нивни прашања.
Со овие факултативни посети, Кривичниот суд ја докажува својата заложба за транспарентност и отвореност на институцијата кон јавноста, па во тој правец ги повикуваме сите средношколски и студентски организации од областа на правото да ја искористат можноста за посета на судот, практична настава и следење на јавните расправи.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.