СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  27.9.2019
Во однос на одлуката на Уставниот суд на РСМ, а поврзана со решенија од предметот за настаните од 27 – ми април 2017 година, за парични казни на адвокати во постапката, ја информираме јавноста дека:

Основниот кривичен суд Скопје со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека неможе да се согласи со одлуката У.бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата на Основниот кривичен и на Апелациониот суд Скопје, но во целост ќе ја почитува.

Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека истата содржи и издвоени мислења на одредни Уставни судии на кои мислења се приклучува. Имено, според издвоените мислења - „Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата“

Дополнително е наведено и дека „Со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд , Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а таква надлежност нема“ односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_