СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  03.10.2017
Советот за оценка на обвинителен акт,...

Советот за оценка на обвинителен акт, во состав судија Верка Петковска како претседател на совет и судиите Горан Бошевски и Татјана Михајлова, постапувајќи во оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите ( СЈО ) со НСК – КО бр. 6/17 од 29.06.2017 година против обвинетиот Ѓ.П. од обвинителството означен како „Триста“, донесе решение со кое приговорот на одбраната на обвинетиот се одбива како неоснован, а обвинителниот акт се одобрува во целост.

Оценетиот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот, електронски ќе биде распореден на судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување главна расправа по предметот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_