СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  09.2.2021
Во однос на денешнатата расправа за предметот со бр. КОК бр. 30/20 во јавноста познат како „Шпански скали“, Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека главната расправа започна од почеток заради проток од 90 дена од последната одржана расправа со оглед да судот ја почитуваше одлуката на Колегиумот на судии, да се даде приорите на расправата на предметот со бр. 47/17 во јавноста познат како „Таргет – тврдина“ каде судијата Владимир Туфегџиќ постапува како член на советот.

Со ваквата организациска поставеност и реализираниот интензитет на расправи, за краток период е завршена доказната постапка во предметот „Таргет-тврдина“ и насоречни се завршните зборови, а притоа доследно се испочитувани правата за судење во разумен рок на странките во двете постапки. Во тој правец, приоритет на насрочување во иднина ќе се даде на предметот „Шпански скали“.

Воедно, на денешната расправа судот, со цел фер и правично судење како и непречен тек на постапката, ги обезбеди сите докази на Јавниот обвинител во електронска форма и заедно со образложението за истите им ги достави на странките. Покрај технички услови за аудио и видео снимање на расправата, на денешното судење заради целисходност на постапката, на странките им обезбеди користење на лап – топ компјутери заради поголема прегледност при изведување и презентација на доказите на Јавниот обвинител.

Следната расправа за предметот е насрочена на 23.02.2021год. кога продолжува доказната постапка.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_