СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Со пресудата, врз основа на признание на вина, обвинетите Д.Б., А.Л., Ѓ.В. и Ф.В. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 од КЗ како и Р.М. за кривичното дело од чл. 23 вв со чл. 353 ст. 1 од КЗ, па ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, им определи:
За Д.Б. на казна затвор во траење од 2 години и 7 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
А.Л. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
Р.М. на казна затвор во траење од 2 години и 3 месеци како и забрана за вршење професија, должност или дејност од 10 години,
Ѓ.В. на казна затвор во траење од 2 години како и забрана за вршење на професија, должност или дејност во рок од 10 години,
Ф.В. му определни алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 6 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело, како и забрана за вршење професија, должност или дејност во траење од 3 месеци.
Главната расправа за обвинетите кои на денешното судење не ја признаа вината, продолжува на 07.05.2021 година.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.