СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  29.12.2021
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека обвинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост.

Имено, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот  на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје,  по враќање на предметот кај  Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.

По вака одобреното обвинение, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот,  ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_