СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Имено, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.
По вака одобреното обвинение, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.