СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
https://jorm.gov.mk/sedummina-osomnicheni-za-izmama-vo-sluzhbata/
пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени 7 лица. По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истаргата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи.
Воедно, судијата го прифати предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.