СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  05.2.2021
Основниот кривичен суд Скопје, во однос на соопштението на ЈО - „Се бара притвор за креаторот и администраторот на Јавна соба “, како и интересот на медиумите, ја информира јавноста дека денеска пред судија на претходна постапка при овој суд, беа спроведени две лица осомничени за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193- ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик.

По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на :

                Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_