СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 4/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС 4/2022

Announcements  |  May 5, 2022
ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2022 за избор на 30 судии поротиници

 

            Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 46 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" број 60/2006, 150/10, 100/11, 20/15, 61/15, 197/17 и 83/18), Основниот кривичен суд Скопје објавува:

                                                                      ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2022

за избор на 30 судии поротиници

 

            Основниот кривичен суд Скопје на Судскиот Совет на РСМ ќе му предложи 30 кандидати за избор на судии- поротници за време од 4 години.

            Заинтересираните кандидати за избор на судија - поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во член 42 став 2 и 3 од Законот за судовите („Службен весник на РМ бр. 8/06, 62/06, 35/08, 150/10 83/18, 198/19 и 96/19) и тоа:

          - за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

            - судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието за млади

            Заинтересираните кандидати потребно е со пријавата да ги достават следните документи во оригинал или заверени на Нотар:

       -Уверение за завршено образование,

           -Уверение за државјанство,

            -Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

            -Лекарско уверение за општата здравствена способност и

           -Изјава дека со судија, судија - поротник во овој суд или со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, заверена на Нотар.

Рокот за пријавување на кандидатите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати пријавата-молбата во прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја поднесат, во писмена форма преку приемното одделение на Основниот кривичен суд Скопје или по пошта на адреса бул.Гоце Делчев б.б, Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.4/2022 за избор на судии поротници).   

           

                                                                                     ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

                                                                                     

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_