СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  28.9.2017
Почитувани I. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје,...

Почитувани

I.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд  Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на обвинетиот С.М. поднесено преку неговите бранители за укинување на мерките за претпазливост, на нејавна седница, донесе решение со кое: Барањето се одбива како неосновано.

Мерката на претпазливост,  Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и мерката, Обврска на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот – Остануваат на сила.

Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

II.

На денешната глава расправа за предметот со КОК бр. 127/15, поврзан со настаните од кумановско Диво насеље, одбраната и обвинетите завршија со изнесување на завршните зборови, а судечкиот совет за 17 октомври 2017 година во 10:00 часот закажа рочиште за објава на првостепена пресуда.

III.

Денешната глава расправа за предметот К.бр. 1904/16 поврзан со настаните од Општина Центар, беше одложено заради неприсуство на обвинетиот Димче Крстев, и обвинетиот Милан Андоновски за кого бранителот достави медицинска документација дека истиот, заради здравствени причини е спречен да присуствува на денешната расправа. Во консултација со одбраната и надлежните јавни обвинители од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), судечкиот судија, главната расправа ја одложи за 20 ноември 2017 год. во 10:00 часот, за кога судот издаде наредба за присилно доведување на седмо обвинетиот Димче Крстев согласно член 365 од ЗКП, додека единаесто обвинетиот Милан Андоновски судот ќе достави покана.

IV.

Денешната глава расправа за предметот со КОК бр. 20/17 од СЈО означен како „Транспортер“, која е прва глава расправа по истиот предмет, беше одложена заради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, за која одбраната наведе дека заради објективни причини односно, сообраќајна незгода, била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје. Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за 6 ноември 2017 год. во 11.00 часот за кога ќе испрати и опомена за стражарно приведување за обвинетата која не беше присустна на денешната расправа.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_