СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  27 Pri 2018
Врховниот суд на Р.Македонија, постапувајќи по барање на одбраната во предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „ТНТ“ ...

Врховниот суд на Р.Македонија, постапувајќи по барање на одбраната во предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „ТНТ“ за иземање на ВД претседателот на Апелациониот суд – Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16.04.2018 година донел решение со кое бараењето за иземање на ВД претседателот на второстепениот суд согласно член 35 ст. 5 од ЗКП се ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН, а кое решение преку Апелациониот суд – Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната во предметот „ТНТ“, за иземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје Иван Џолев и неговиот заменик, Апелациониот суд – Скопје на 20.04.2018 година, донел решение со кое барањето на одбраната согласно член 35 ст. 5 и ст 6 од ЗКП се ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНО, кое решене е доставено до Кривичниот суд.

По добиена надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по барање на одбраната за иземање на судечкиот совет кој постапува во предметот „ТНТ“на 23.04.2018 година, донесе решение со кое согласно член 33 ст.1 т.1 и т.2, барањето за иземање се ОДБИВА КАКО НОЕСНОВАНО.

Воедно постапувајќи и по барање на одбраната во предметот со К.бр 1904/16 од обвинителството означен како „Насилство општина Центар“ за иземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје Иван Џолев и неговиот заменик, како и ВД претседателот на Апелациониот суд и неговиот заменик, претседателто на судот, имајќи го во предвид претходните решенија на Врховниот суд на Р.М. и Апелациониот суд – Скопје  донесе решение со кое барањето согласно член 35 ст.5 и ст. 7 од ЗКП се ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНО. Додека барањето на одбраната во истиот предмет за иземање на судијата поединец кој постапува по предметот, донесе решение со кое барањето се СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Сите решенија се експедирани до странките во постапката.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_