СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Предупредувањата на Кривичниот суд за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот на јавноста познат како „ТНТ“, а за кои судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина.
Судијата – поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклиува оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата – поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет.
Судот, согласно неговите Законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник како и резервен поротник, а се со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот. Во тој правец судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“.
Во интерес на утврдување на фактичката состојба како и правдата и правната држава, Кривичниот суд продолжува да постапува по сите предмети, се во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се прозинесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во Законите со кои се регулира статусот на судиите – поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.