СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  27 Shk 2019
Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави известување дека не донел одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои ЈО достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување. Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството. ...

Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави известување дека не донел одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои ЈО достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување. Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството.

Имајќи го предвид  известувањето и одредбите од ЗКП, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот.

Во врска со наводите на Претседателот на Собранието дека „Судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека Судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката“, и појаснуваме на јавноста дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење според кој обвинителството е овластен предлагач на мерките за обебедување присуство, а Судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет.

Впрочем, како што  јавноста беше известена, и во однос на првиот предмет од 01.02.2019 година,така и во вториот предмет од 20.02.2019 година кога се доставени предлози за определување мерки притвор за Љ.Д. и Т.В., кои се повикуваат на пратенички имунитет, Судот веднаш се обрати до Собранието со барање за поризнесување околу нивниот имунитет.

Но, сведоци сме дека за прв пат Собранието кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, не донесе одлуки, а со тоа го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците.

Затоа, неприфатливи се изјавите дека Судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што Судот не може своеволно и спротивно на Законот да определува било какви мерки за обезбедување доколку за истото не се создадени услови.

Доколку обвинителството поднесе нов предлог поради нови или изменети околности, Судот веднаш ќе се обрати до Собранието и доколку навремено се добие одлука од Собранието, веднаш ќе постапи.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_