СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  16.4.2021
Заради интерес на медиумите, а поврзано со соопштението на Основното јавно обвинителство „Под истрага четири лица за набавка на софтвер“, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека: денеска пред судија на претходна постапка, беа спроведени две лица со предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор под сомнение дека стoриле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ.

По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и  Забрана за користење на средства за комуникација.

Имено во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Што се однесува до предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост за две други лица опфатени со истрагата, истите, согласно Законсктие одредби дополнително ќе бидат повикани да се произнесат по што ќе се одлучува.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_