СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  07.12.2021
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Европското здружение на студентите по право во РСМ, денеска организираше институционална посета на студентите од Правниот факултет во Скопје на кривичниот суд, при која посета можеа да се запознаат со просторните и технички услови за работа во судот, начинот на функционирање на судските писарници, оддели и одделенија како начинот на водење првостепена судска постапка.

Студнтите имаа можност да разговараат со судијата од Основниот кривичен суд, судија  Сандра Крстиќ која им пренесе дел од нејзиното долгогодишно искуство како судија и одговори на сите нивни прашања како идни правници. Групата во текот на следниот период ќе продолжи со следење на јавните судења во одделението за организиран криминал и корупција со што се надеваме дека како суд ќе им овозможиме на студентите изворно да се запзнаат со начинот на работа на судиите и водење на судските постапки.

Денешната посета е дел од заложбите на судот за поголема отвореност, транспарентност и општествена одговорност особено за образовните институции кои на ваков начин се стекнуваат со практична настава. За таа цел судот ги повикува сите студенти кои имаат желба за практична настава да ја искористат можноста за волонтирање и пракса во судот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_