СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа не јавна седница за оценка. По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост.
Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за глава расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.