СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  12.1.2018
Заради интерес на медиумите кои ги следат јавните судења кои се водат во Основниот суд Скопје 1 – Скопје ...

Заради интерес на медиумите кои ги следат јавните судења кои се водат во Основниот суд Скопје 1 – Скопје каде како надлежен обвинител се јавува Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) како и други судења за кои постои медиумски интерес, ги известуваме претставниците на медиумите дека согласно АКМИС – системот за управување со судски предмети и новиот годишен распоред за работа на судиите при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, предметите се распределни на понатамошно постапување кај судиите:

Одделение за организиран криминал и корупција:

КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ – судија Софче Гаврилова – Ефремова.

КОК бр. 60/17 од обвинителството означен како „Трезор“ – судија Џанета Бегтовиќ.

КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ – судија Добрила Кацарска.

КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“ – судија Огнен Ставрев.

КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ – судија Осман Шабани.

КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“ – судија Осман Шабани.

КОК бр. 53/17 од обвинителството означен како „ТНТ“ – судија Огнен Ставрев.

КОК бр. 52/17 од обвинителството означен како „Траекторија“ – судија Горан Бошевски (стар распоред ).

КОК бр. 40/17 од обвинителството означен како „Триста“ – судија Добрила Кацарска.

КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/Тврдина“ – судија Џанета Бегтовиќ.

КОК бр. 30/17 од обвинителството означен како „Транспортер“ – судија Добрила Кацарска.

КОК бр. 53/10 од обвинителството означен како „Сопот“ – судија Владимир Туфегџиќ.

КОК бр. 99/16 од обвинителството означен како „Шпион“ – судија Владимир Туфегџиќ.

Предмети по обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција:

КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ – судија Огнен Ставрев.

Оддел Кривично – полнолетни:

К.бр. 1959/17 од обвинителството означен како „Тортура“ – судија Александра Ристеска.

К.бр. 1905/17 од обвинителството означен како „Титаник 3“ – судија Оља Ристова.

К.бр. 1904/16 од обвинителството означен како „Насилство Општина Центар“ – судија Душан Јосифов.

К.бр 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“ – судија Лидија Зимбовска ( стар распоред )

За останатите предмети кои сеуште не се распределени и обвинителните акти кои сеуште не се оценети, дополнително ќе информираме.

Предметите за кои е насрочена главна расправа, термините се веќе објавени на веб -страницата на судот во делот Календар на судење.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_