СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  05.2.2019
Заради интерес на повеќе медиуми, во целост го објавуваме дописот кој Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по донесени заклучоци на Колегиумот на судии, го достави до Државниот јавен обвинител.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ  I

03.Су.бр.....

05.02.2019 година

Скопје

 

 

                                                                           ДО

   ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

   НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                                                                         -за јавен обвинител Љупчо Јовевски-

 

           

 

ПРЕДМЕТ: Барање мислење

 

Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата одржана на 04.02.2019 година, дискутираше за правното мислење на Врховниот суд на Р.Македонија, со кое се дава автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО, а се однесуваза рокот во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да поднесува и презема обвинениа,превзема предистражни и истражни дејствија.

 

Колегиумот на судии донесе заклучок, имајки предвид да правното начелно мислење на Врховниот суд defacto го оспори постапувањето на СЈО како овластен тужител, да се обрати до Јавниот обвинител на Р.Македонија Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе за тоа кое обвинителство во иднина ке постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО.

Ова Барање на Судот е во правецна владеење на правото, односно правилна и доследна примена на Законот за кривична постапка кој е од примарно значење во водењето на постапките.

Судот смета дека со правното мислење на Врховниот суд на РМ се проблематизираше примената на чл. 17, чл.39 и чл. 40 од ЗКП но и на одредбите кои се однесуваат на роковите за кривично гонење-чл.107 од Кривичниот Законик.

Во оваа смисла правното начелно мислење на Врховниот суд на РМ му наметна на Кривичниот суд дилема дали постои колизија на одредбите од чл.107 од Кривичниот Законик и чл.22 од Законот за СЈО(кои предвидуваат различни рокови за кривично гонење), односно дали едната одредба ја исклучува другата или пак чл.22 само упатува на тоа кој(овластен тужител-кое обвинителство)по протекот на извесен рок е надлежен да го поведе или продолжи кривичниот прогон.

 

Колегиумот на судии смета дека е потребно Државниот јавен обвинител да иницира и автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од Собранието на Р.Македонија, бидејќи само законодавецот може да даде автентично толкување на Законите.

 

Со почит,

     ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                                  НА ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ I СКОПЈЕ

                                                                                    Иван Џолев

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_