СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  23.7.2025
Кривичниот суд започнува со нови дигитални алатки и користење на Вештачка интелигенција за унапредување на постапките и полесен пристап до правдата.

Основниот кривичен суд Скопје и Здружението на судии на РСМ денеска потпишаа Меморандум за соработка со Приватна високообразовна институција Бреинстер Некст Скопје со цел воведување нови дигиталните алатки во Кривичниот суд, за поголема ефикасност и економичност на постапките и полесен пристап на граѓаните до услугите во надлежност на судовите.

Студентите на Бреинстер Некст, кои ќе посетуваат практична настава во Судот, ќе работат на воведување нови апликации преку кои со помош на Вештачка интелигенција ќе овозможат:

-              Алатка за  пренесување на аудио записите од главните расправи во текстуална форма ( speech to text ) на македонски јазик,

-              Унапредување на технологијата за аудио и видео снимање на главните расправи

-              Посебна апликација за директно и брзо анонимизирање на судските пресуди и

-              Унапредување на веб страната на судот и поголема достапност на судот преку социјалните мрежи.

Меморандумот опфаќа и соодветна заштита на податоците, па така студентите нема да имаа директен пристап во судскиот систем и увид во не правосилни предмети, а воедно ќе се запазат и сите Законски одредби за заштита на личните податоци на странките и доверливоста на постапките.

Соработката со академијата е иницирана пред се заради олеснување на работата на судиите и судската служба со користење на Вештачката интелигенција, побрз пристап до правдата и ефикасно водење на постапките со целосно почитување на Законските одредби од ЗКП и Законот за судови. Но, воедно е од особен интерес за транспарентноста и отчетноста на судот и збогатување на фондот на објавени пресуди кои ќе бидат од интерес како за медиумите и невладините организации така и за збогатување на судската пракса.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_