СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  23.3.2020
Во однос на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 116/19, познат како „Рекет“...

Во однос на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 116/19, познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека одбраната на обвинетата К.Ј. до судот достави барање за одлагање на идните закажаните расправи во кое наведе дека бранителот Ирена Фрчковска ја користи мерката на Владата на Р.С.М. со која еден родител на дете помало од 10 години се ослободува од работни обврски заради чување на деца, бранителот Дељо Кадиев има здравствени проблеми додека обвинетата К.Ј. има хронични болести.

Судот откако го разгледа ваквото барање ја извести одбраната дека во судот се преземаат сите мерки согласно препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ за заштита од ширење на Ковид – 19 вирусот, и како што и претходно ја известивме јавноста - судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици.

Имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет, а согласно одлуката  на Судскиот совет и Министерството за правда за судење на сите итни и недоложни расправи,  ваквите барања на одбраната судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката.

Судот  ја задолжи одбраната да се однесува одговорно спрема судот и доследно да ги почитува правата на обвинетите во постапката и денешната расправа ја одложи за веќе закажаниот термин 26-ти март до кога бранителот Ирена Фрчковска е должна да ги организира семејните обврски како би можела да присуствува на судењето.  Доколку адвокатите и понатаму се спречени да присуствуваат на идните расправи да обебзедат свои заменски бранители бидејќи во спротивно судот на обвинетата ќе и назначи бранител по службена должност.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_