СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  12.12.2022
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ завршија уште еден успешен циклус на анонимизација на правосилни пресуди на Кривичниот суд од страна на надворешни соработници, а во рамки на проектот „Зајкнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија II“ кој се имплементира во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во рамки на проектот кој се спроведе од мај до декември 2022 година, тројцата ангажирани волонтери, анонимизираа, и на веб страната на судот, објавија 1964 правосилни пресуди што е најголем број на објавени кривични пресуди на порталот sud.mk во наведениот период.

Оваа е втор успешно реализиран проект за анонимизиција на пресуди на Кривичниот суд во соработка со  Коалицијата „Сите за правично судење“ со кој се обезедуваат анонимизирани пресуди по различни основи, за различни кривични дела и досудени казни, а кои пресуди се од особена важност како за зајакнување на судската пракса така и за превентивно делување во јавноста од евентални идни противзаконски дејствија.

Со проектот, воедно се обезбедува надворешни соработници – волнтери, кои претходно ги поминаа сите неопходни обуки и сертификани за безбедност и заштита на лични податоци, да добијат можност за хонорорарна работа во судот што ќе им биде од особено значење во градење на нивната кариера како правници.

Заради интерес на повеќе меидуми како дел од проектот беше анонимизирана и пресудата со КОК бр 127/15 поврзана со настаните во Кумановско „Диво Насеље„ која заради технички ограничувања, привремено неможе да биде објавена на пребарувачот за „Одлуки“, па затоа ја објавуваме во прилог на ова соопштение.

ПРЕСУДА кок.бр.127/15

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_