БРИФИНГ СО НОВИНАРИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

БРИФИНГ СО НОВИНАРИ

Соопштенија за јавност  |  15.7.2021
По одржан редовен брифинг со претставниците на медиумите и Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, во однос на сите актуелни прашања, судот ги информира медиумите и јавноста дека:
  1. Во сите предмети каде досега  постапувал судијата – поротник на кој му заврши мандатот, ќе биде распределен нов судија – поротник, а надлежните судии кои постапуваат по предметите ќе предложат, наместо враќање на предметите од почеток, истите да продолжат со формално читање на записниците од досега изведените докази се со цел доследно почитување на начелото за судење во разумен рок, правата на странките во постапката како и непотребно одолговлекување на процесите, за што е потребна согласност од одбраната.
  2. Сите предмети кои се во надлежно постапување кај судијата која беше разрешен и времено одалечен од функцијата, согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на надлежно постапување кај другите судии од одделението за организиран криминал и корупција, а штом ќе биде насрочена главна расроава, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
  3. Во однос на судиите – поротници, согласно одлуката на Судскиот совет, во Основниот кривичен суд Скопје предвидено е да постапуваат 200 судии – поротници, а во моментов активни се 54. Заради тоа судот постојано апелира до надлежните органи за избор на нови судии - поротници, но и ги охабрува граѓаните на РСМ на поголем одзив на огласите за избор на поротници. Поради констатира недостаток на судии – поротници Кривичниот суд апелира и за разгледување на иницијативата на овој суд за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со што при промена на член на судечки совет, предметите нема да почнуваат од почеток туку на новиот член ќе му се даде време за запознавање со предметот, со што ќе се избегнат досегашните недостатоци и причини за повторување на постапките.
  4. Судовите, немаат правен механизам да ги обврзат судиите – поротници да постапуваат и по истек на нивниот мандат, навршување на старосната граница или доколку од лични причини одлучат да се откажат од функцијата. Судиите – поротници ја претставуваат – граѓанската одговорснот во судските процеси со оглед да нивната одлука може да биде пресудна во судските процеси. Заради тоа потребни се Законски измени и унапредување на правата, но и обврските на судиите – поротници.
  5. Воедно, Кривичниот суд истакна дека е потребно и именување или делегирање на нови судии од други градови во најголемиот кривичен суд во државата со оглед да во просек од над 100.000 предмети годишно во моментов постапуваат само 51 судија.
  6. И покрај сите системски пропусти, судиите при Основниот кривичен суд остануваат посветени и доселедни во извршување на судиската фунција. И покрај пандемијата, сите опструкции со утврдување на надлежноста на обвинителите по згаснувањето на Специјалното јавно обвинителство како и обиди за одолговлкување на дел од одбраната, Кривичниот суд досега, со првостепена пресуда, заврши повеќе од половина од предметите на СЈО и предметите од висока корупција кои се од интерес на јавноста, а во  текот на судската ферија веќе се закажани објави на пресуди за предметите познати како „Тортура“ и „Настаните од 27 – ми“

Со почит Основен кривичен суд.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_