СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  28.10.2022
Завршен прокет – Промоција на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска беше промовирана новата судница опремена во рамки на проектот за инсталирање ИКТ опрема во пет основни суда како дел од планот за дигитализација на правосудствот со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со опремувањето,  новата судницата во Кривичниот суд овозможува аудио снимање на расправите, видео презентација на доказите и дигитално поврзување со други правосудни институции и судници, што ќе придонесе за економичноста и побрз тек на постапките, подобар пристап до правдата и поголема отчетсност и трансапрентност на судот, што е од особена важност за зголемување на довербата кај јавноста во правосудството.

Во своето обраќање, претседателот на Кривичниот суд  - Иван Џолев, ја истака својата благодарност за донацијата од Мисијата на ОБСЕ и најави дека судот ќе продолжи со техничко доопремување на судниците што ќе придонесе како за подобар тек на судските постапки, така и за подобар пристап и прегледност на медиумите и јавноста при следење на главните расправи.

Министерот за правда на РСМ - Никола Тупанчески, истакна дека државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството. Во моментов Интензивно се работи на опремување на кривичната судница во Идризово, со целосно опремување и користење на дигиталните алатки, со што ќе се забрзаат целокупните постапки кои се водат, а истовремено се прави и надградба на АКМИС системот.

Амбасадорот Клеменс Која - Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кои се донатори на опремата, нагласи: Сега, откако е завршено инсталирањето на ИКТ опремата во петте пилот судници, би ги охрабрил властите да продолжат да создаваат одржливи решенија и финансиски предуслови за употреба на оваа опрема, што ќе придонесе за потранспарентно, правично и ефективно правораздавање.

ИКТ опремата е инсталирана во пет судници во Основниот кривичен суд Скопје, Основниот граѓански суд, како и Основните судови во Струмица, Штип и Кавадарци, а од ИКТ Советот најавија инсталирање на аудио – визуел опрема уште во над 180 други судници низ земјата.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_