СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ




Учениците имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови за работа во судот, им беше презентирана опремата за снимање на судските расправи и изведување докази, безбедносните процедури за спровед и условите за работа со странки во судските писарници.
Воедно, пред учениците, свое предавање за кривично - правната и прекршочната процедура имаше шефот на одделот за прекршоци, Судија Хамдирефер Бафтијари, кој ги запозна учениците за сите предизвици од работата како судија, а дел од гостите имаа можност да следеат и главна расправа на предмет од одделението за Организиран криминал и корупција.
Основниот кривичен суд Скопје, водејќи се од заложбите за поголема транспарентност и отчетност ги повикува сите средни училишта и високо образовни установи, од областа на правото, да ја искористат можноста за посета, соработка и пракса во Кривичниот суд како најдобар начин за запознавање со правосудната постапка.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.