СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
13.2.2025
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје.
Претходно, на 13.01.2025 година, Основниот кривичен суд Скопје јавно ја објави првостепената пресуда за конкретниот предмет со која обвинетите Г.Г., Н.Б. и Т.Ј. беа огласени за виновни и осудени на затворски казни, обвинетата В.С., беше огласена за виновна и определена алтернативна мерка – Условна осуда, додека пак обвинетата Г.Ј. беше ослободена од обвинението.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.