СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  06.12.2019
Заради интерес на медиумите за оцена на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 – ми април кои се случија во Собранието на Р.М., ...

Заради интерес на медиумите за оцена на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 – ми април кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека на денес закажаната седница за оцена на обвинителниот акт, согласно Законските одредби беа присутни сите странки во постапката, но наместо образлагање на приговорите, одбранта поднесе барање за изземање на еден судија – член на советот за оцена.

По разгледување и ценење на барањето претседателот на судот го одби барањето како неосновано.

Согласно член 36 ст.7 од ЗКП:

„Решението со кое се одбива барањето за изземње може да се побива со посебна жалба во рок од три дена на донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение, тогаш само со жалба на пресудата“

Со оглед да се работи за неправосилен обвинителена акт Советот за оцена го одложи дненешното рочиште за 23 – ти декември со цел да се испочитува Законски утврдениот рок за жалба на одбраната до повисокиот суд.

Со почит Основен кривичнен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_