СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Press realeses
|
Nov 27, 2023
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметите со КОК бр. 59/22 од обвинителството означен како „Титаник“ насрочена за 30.11.2023 година од 10:00 часот и КОК бр. 157/21 против С.Ј. и Т.Ѓ. насрочена за 29.11.2023 год. во 12:30 часот, ги информираме дека истите се отповикуваат со оглед да, со одлука на Влада на РСМ, 30 – ти е прогласен за неработен, додека на 29 – ти ќе се работи со скратено работно време, заради Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.
Судењата ќе продолжат на следните термини и тоа: КОК бр. 59/22 на 12.12.2023 година во 10:00 часот, додека КОК.бр 157/21 на 19.12.2023 во 10:00 часот.
Што се оденсува до сите останати судења насрочени во Основниот кривичен суд Скопје за 29 – ти по 12:00 часот и на 30 – ти за време на целиот ден, кои ќе се одложат заради одлуката на Владата на РСМ, странките ќе добијат дополнителни известувања кога ќе продолжат со расправите.
Со Почит Основен кривичен суд Скопје.