СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје, достави обвинителен предлог против С.Љ. за кривично дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје. Воедно со обвинителниот предлог доставен е и предлог на Јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор против обвинетиот согласно чл. 470 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП.
Кривичниот совет, постапувајќи по доставениот предлог за продолжување на мерката притвор, донесе решени со кое предлогот е основан сеуште опстојуваат околностите од чл. 470 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и околности кои го оправдуваат сомнежот дека може да го повтори делото, па заради тоа ја продолжи мерката притвор за 30 дена.
Што се однесува до обвинителен предлог, согласно истиот оформен е кривично правен предмет со К.бр. 1338/25 кој откако ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, и ќе биде насрочена главната расправа, истата ќе биде достапна преку календарот за судење на веб страната на судот.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.