Известување во врска со јавен оглас број 5/2023
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување во врска со јавен оглас број 5/2023
Почитувани,
Во врска со објавениот јавен оглас 5/2023 од 13.12.2023 година и исправката на јавниот оглас 5/2023 од 14.12.2023 година за избор на 5-пет судски службеници на неопределно време, Ве известуваме дека Комисијата за селекција за вработување на судски службеници, ќе врши административна селекција на ден 10.01.2024 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на Основен кривичен суд Скопје, согласно чл.2 од Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места.
Резултатите од административната селекција на кандидатите и информација за денот и часот на одржување на втората фаза на селекцијата (испитот за судски службеник) ќе бидат објавени најдоцна во рок од 3 дена од завршување на административната селекција, на официјалната интернет страна на судот.
Од Комисијата за селекција за вработување при Основен кривичен суд Скопје.