СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
28.6.2018
Заради зголемен интерес на претставниците на медиумите за предметот со КОК бр. 40/18 кој беше оформен по одобрување на обвинителниот акт КОК ООА 10/18, а поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Р.Македонија...
Заради зголемен интерес на претставниците на медиумите за предметот со КОК бр. 40/18 кој беше оформен по одобрување на обвинителниот акт КОК ООА 10/18, а поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Р. Македонија, ја информираме јавноста дека првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.