СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  23 Pri 2019
Дел од образложението на објавата за пресудата со К.бр. 1788/18.

 Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска, на јавна расправа, ја објави пресудата за предметот К.бр. 1788/18 против Б.Б. и С.Д.. По барање на медиумите објавуваме дел од образложението на пресудата кое беше прочитано на расправата.

 

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје, се водеше постапка за сериозен кривичен настан, што завршил со најтешката можна последица, која ниту може да се поправи, ниту пак штетата може да се надомести. Изгубен е млад човечки живот, прекината е за секогаш една неизживеана младост, а за најблиските-зборови за утеха нема. Одземено е правото на живот, што е вродено право на секој човек и претставува основно човеково право од универзален карактер, инкорпорирано во меѓународните документи од фундаментално значење за човековите слободи и права, а неприкосновеноста на животот и телесниот интегритет е крената на ранг на уставен принцип и во Уставот на Република Северна Македонија.

 

         Овој судски совет, постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје III КО бр.2278/18 од 11.09.2018 година, прецизиран на записник за главна расправа од 16.04.2019 година, против обвинетите Б. Б. и С. Д., за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 вв со член 22 од КЗ, во текот на главната расправа, која започна на 09.11.2018 година и заврши на 16.04.2019 година, што значи, во период од неполни 5-пет и пол месеци, ја спроведе оваа првостепена крвична постапка, при тоа максимално почитувајки го правото на судење во разумен рок, кое е едно од основните начела на кривичната постапка, а инкорпорирано во чл.6 од ЗКП и во чл.6 од ЕКЧП. Во текот на вака концентрираната кривична постапка, максимално водејки сметка за правото на еднаквост на оружјето, судот на одржаните бројни главни расправи, изведе докази како на предлог на застапникот на обвинението, така и на предлог на одбраната, на чиј предлог беше извршен увид со реконструкција на настанот, после кое следуваше дополнително вештачење од Институтот за судска медицина за да вештото лице-обдуцент уште еднаш се произнесе за сите околности за настанот, вклучително и сознанијата добиени при увидот и реконструкцијата и верзиите за настанот според сите сведоци, но и според обвинетите, на предлог од одбраната беше изготвено и психијатриско вештачење и сослушано вештото лице психијатар, беа изведени вербални докази, бројни материјални докази и докази во електронска форма, а на предлог од одбраната беа испитани и обвинетите. Ценејки го секој од изведените докази поединечно и сите заедно во склоп на една доказна целина, при тоа давајки им еднаков третман како на доказите на обвинението, така и на доказите на одбраната, по слободно судиско уверување, судот ја утврди фактичката состојба.

 

Изедначувањето на кривичната одговорност на обвинетите и непостоењето на градација на казната, не е резултат на негрижа за индивидуализација на казната на сторителите. Напротив, судот цени дека кривичната санкција за двајцата обвинети треба да биде еднаква, со оглед да истите дејствувале како соизвршители, што се состои од заедничко, спогодбено, скривено учество во извршување на кривичното дело и секој од нив сакал целосно да ја предизвика забранетата последица, па така и спрема делот на дејствието што го презема друг, субјективниот однос е ист како спрема делот што сам го остварил секој од соизвршителите. Ова дотолку повеќе што, според вештото лице обдуцент д-р.Златко Јаќовски не може да се дефинира, која точно повреда и од кој точно удар, настапила смртната последица кај оштетениот, дали тоа било од првиот или од последниот удар, а според вештото лице имало околу 16 удари, па во услови кога  несомнено се утврди дека сите тројца сторители крвнички со тупаници и клоци го удирале оштетениот, предизвикувајки смртна последица кај истиот, за овој судски совет, кривичната одговорност на обвинетите е подеднаква. Од друга страна пак, ценејки го и посделиктниот однос на обвинетите, судот ќе истакне дека за разлика од првообвинетиот Б. Б., кој барем призна дека му нанел два удари со тупаница на оштетениот Никола, за разлика од него, второобвинетиот С. Д. не призна ниту едно дејствие преземено против оштетениот, напротив се обиде да се прикаже себеси во мирољубива улога, односно дека се приклучил на настанот единствено со цел да ги раздели оштетениот и обвинетиот Б., што е крајно спротивно на исказите на сведоците, кои беа категорични дека сите тројца сторители крвнички го претепале сега покојниот Никола.

 

Судот при одредување на видот и одмерување на висината на кривичната санкција, ги имаше во предвид сите околности предвидени во чл.39 од КЗ, како отежнителни, така и олеснителни.

 

Овој суд верува дека, казната од аспект на обвинетите ќе биде оценета како престрога, додека пак во очите на оштетените можеби и недоволна, но според уверување на овој судски совет, казната е правично одмерена, затоа што со изрекување на истата, потребно е, не само да бидат постигнати целите на казнувањето предвидени во чл.32 од КЗ, во поглед на специјалната и генералната превенција, туку потребно е да се испрати и силна порака до јавноста, како внатрешната, така и до меѓународната јавност, дека свирепоста и бруталноста не е начин на комуникација меѓу младите, напротив дека РСМ е демократско, цивилно и мултиетничко општество, каде што се почитуваат цивилизациските вредности и права, а зад секое нивно прекршување ќе стои судска заштита и истото ќе биде најстрого санкционирано.

 

Со почит Основен суд Скопје 1- Скопје.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_