СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  12.11.2018
Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатни до Основниот суд Скопје 1 – Скопје...

I.

Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатни до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информираме јавноста дека од КПУ Затвор Скопје – Скопје до судот денеска беше доставено известување дека обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, сеуште не се јавил на издржување на правосилно потврдената казна. Воедно судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на кривичниот совет со кој се одбива жалбата изјавена против решението на судија за извршување санкции за одложување на затворската казна, со што би се комплетирала доставата.

Доколку доставата не се комплетира, судијата за извршување снакции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за Извршување санкции

II.

Во однос на прашањата поврзани со предметот од надлежното обвинителство означен како „Империја“, ја информираме јавноста дека - судија на претходна постапка постапувајќи по барања на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за привремено одземање на имот заради обезбедување, а поврзан со конкретниот предмет, судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката.

Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица.

III.

Во однос на решенијата на судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство во предметот  означен како „Империја“, во текот на денот до судот доставени се жалби од одбраната кои веднаш се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор Кривичниот совет дополнително ќе одлучува по истите.

Со почит Основен суд Скопје – Скопје.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_