СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Одделот Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани.
Со овие решенија Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во Законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.