СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИ
Почитувани,
Ве известуваме согласно чл.2 од Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, административната селекција по објавен јавен оглас 3/2019 за избор на 2-двајца судски службеници на неопределно време, ќе се одржи на ден 26.09.2019 година (четврток) во 10:00 часот во просториите на Основен кривичен суд Скопје.
Резултатите од административната селекција на кандидатите ќе бидат објавени на интернет страницата на судот - www.osskopje1.mk, најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното завршување.
Од Комисијата за селекција за вработување при Основен кривичен суд Скопје.