СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 17.03.2017 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 17.03.2017

Новости  |  17.3.2017
Почитувани Денеска во просториите на Основен суд Скопје 1 – Скопје се реализираше планираната посета од страна на судиите од Апелационен суд Скопје, а воедно се одржа и седница на судии на која се разгледуваа резултатите од досегашното работење на овој суд, при што е констатирано дека и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1 - Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година.

Почитувани

Денеска во просториите на Основен суд Скопје 1 – Скопје се реализираше планираната посета од страна на судиите од Апелационен суд Скопје, а воедно се одржа и седница на судии на која се разгледуваа резултатите од досегашното работење на овој суд, при што е констатирано дека и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1  - Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година.

На седницата на судии при овој суд судиите дадоа свои предлози во врска со изготвувањето на Годишниот распоред за работа на судот.

Денеска, исто така претседателот на судот, Стојанче Рибарев во просториите  на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, на која средба се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции.

Со почит

Основен суд Скопје 1  - Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_