СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Press realeses
|
Apr 22, 2019
Посета на учениците од ОУ „Кузман Јосифовски - Питу“ - Скопје на Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска го посетија ученици од Основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје, кои се запознаа со начинот на работа на судот и разговараа со судските службеници и судиите околу Законот за правда на децата и спроведување на малолетничката правда.
Посетата е дел од заложбите на судот за поголема транспарентност и отвореност на институцијата кон јавноста за што покрај брифинзите со претставниците на медиумите, редовно се организираат информативни посети на ученици од основно и средно образование, студенти и невладини организации и здруженија.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.