СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
04.10.2017
Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите ( СЈО ) означен како „Триста“...
Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите ( СЈО ) означен како „Триста“, кој беше одобрен од советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет со КОК бр. 40/17, согласно АКМИС – системот, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијата Лидија Петровска од одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја насрочи за 15.11.2017 година во 10:30 часот за кога се испратени покани за странките во постапката.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.