СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  28.3.2018
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ...

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП.

За С.В. и К.М опфатени со предлогот на Обвинителството, предлогот се одбива како неоснован, а се продолжува мерката Куќен притвор определена со решение на Врховен суд на Р.М. од 26.03.2018 година, за Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д., предлогот на обвинителство се одбива како неоснован, а се продолжуваат мерките за претпазливост определени со решение на Врховен суд на Р.М. од 26.03.2018 година.

За преостанатите лица опфатени со предлогот на обвинителството, предлогот делумно се уважува и се продолжуваат мерките притвор и мерките куќен притвор, претходно определени со решение на Апелациониот суд – Скопје,а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1.т.1 од ЗКП.

Против овие решенија странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд - Скопје.

Со почит Основен сду Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_