СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  18.5.2017
Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на ден 17.05.2017 одржа нејавно рочиште на кое се произнесоа претставник на обвинителството и одбраната во однос на предлогот на СЈО. Осомничениот кој веќе еднаш беше сослушан пред истиот суд не беше присутен на вчерашното рочиште, а за неговата здравствена состојба на барање на судот, Универзитетската клиника за кардиологија – Скопје достави известување во кое стои дека осомничениот е хоспитализиран на нивната клиника од 14.05.2017 година и притоа ден пред закажаното рочиште, односно на 16.05.2017 година, му бил имплантиран стент. Па од тие причини го известија судот дека истиот не е во состојба да присуствува на закажаното рочиште.

Судија на претходна постапка по ценење на фактите и доказите во предлогот, во текот на денешниот ден,  донесе решение со кое имајќи ја пред се во вид здравствената состојба на осомничениот му определи гаранција во износ од 875.298,56 евра во движен и недвижен имот и истовремено одлучи на осомничениот да му се определат мерки на претпазливост, и тоа одземање на патната исправа и обврска истиот да се јавува еднаш неделно кај службено лице во овој суд.

Во решението, судија на претходна постапка наведе дека од приложените докази и по повторно одлучување, е на мислење дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се товари, а имајќи го во предвид неговото поведение од почетокот на оваа постапка до денес, судијата смета дека постои опасност од бегство, па од тие причини го прифати предлогот на одбраната за определување гаранција и мерките на претпазлиовст.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа, во однос на одбивањето на предлогот за притвор, а рок од три дена во однос на определната гаранција и мерки, притоа патната исправа на осомничениот веќе е одземена и е предадена на чување во овој суд до конечно одлучување. Предлогот за определување мерка притвор од причина осомничениот да влијае на сведоци или пак да го повтори делото е одбиен како неоснован.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_