ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУДСКА ПОЛИЦИЈА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУДСКА ПОЛИЦИЈА

Соопштенија за јавност  |  08.7.2022
Врз основа на чл.2, чл.3 ст.3, чл.119 и чл.120 ст.1 и 3 од Законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), како и чл. 90 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје и известувањето од Министерството за финансии бр.18-10221/2 од 21.12.2021 година и бр.18-10221/4 од 10.01.2022 година

ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.5/2022

за вработување 2 (два) припадници на судска полиција на неопределено време

 

 

1. Категорија В, ниво В1, шифра СУД0205В01001,

-Припадник на судска полиција-2-два извршители

                                                                                                    

Посебни услови предвидени со чл.119 од Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје:

 

     - да не е постаро од 25 години

     - да е физички и психички способен за вршење на работите од судската полиција

     - да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место – најмалку средно обрзование

     -  да има соодветно работно искуство потребно за работното место

     - да поседува општи и посебни работни компетенции потребни за работното место

     - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски), со соодветен степен на познавање согласно со член 119 став 1 алинеја 7 од Законот за судска служба.

      - со или без работно искуство

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:

     - да е државјанин на Република Северна Македонија,

     - активно да го користи македонскиот јазик,

     - да е полнолетен,

     - да има општа здравствена способност за работното место и

     - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

Работно време 40 часа неделно, сменско работење во турнус.

Нето плата 18.223,00 денари

Времетраење на работниот однос: неопределено

 

Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, е-меил адреса или контакт телефон.

 

Рокот за поднесување на молбите изнесува 10 (десет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (несметајќи го денот на самото објавување).

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Молбата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно во приемното одделение на судот, во работно време или по пошта на адреса: ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, Бул.Гоце Делчев б.б. Скопје, (со назнака за Јавен оглас број – 3/2022)

  

Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.

 

Согласно чл.120 ст.3 од Законот за судска служба, проверката на условите за вработување на припадникот на судска полиција ја врши Министерството за правда на РСМ, без да се нарушат критериумите за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

 

ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_