СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  28.11.2018
Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“...

Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“, кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Н.Г. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање односно лишување од слобода.

Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решени по добиениот допис од Претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот совет  при овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелациониот суд – Скопје.

Со почит Основен суд Скопје 1 - Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_