СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  19.10.2020
Постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска беше спроведен Р.Н. заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 вв. со чл. 45 од КЗ.

Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и произнесување на одбраната и обвинителството донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Дополнение на соопштение за јавност.

Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка одземање на имот заради обезбедување, донесе решение со кое барањето се уважува.

Се определува привремена мерка одземање на имот заради обезбедување поради постоење на основано сомневање дека потекнува од кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.1 од КЗ на начин што на правното лице му се забранува отуѓување и располагање со недвижен имот од три катастарски парцели со вкупна површина од над 10.000 метри квадратни во вредност од 1.180.000 евра.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_