СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  07.3.2024
Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, јавно беше објавена првостепената пресуда за предметот со К.бр. 1877/23, поврзана со транспортната компанија Беса Транс, со која, по ценење на сите изведени материјални и вербални докази во текот на постапката донесе пресуда со која:

Обвинетиот Б.Х. за кривичното дело Фалсификување исправа од чл. 378 ст.3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ, го огласи за виновен и го осуди на затворска казна од 1 година и 8 месеци,

Правното лице ДТППУ Б.Т., б ДООЕЛ е. за кривичното дело Фалсификување исправа од чл. 378 ст.4 вв ст.3 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ го огласи за виновен и го осуди на парична казна од 800.000 денари.

Воедно за правното лице судот изрече и мера забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од 4 години по правосилноста на пресудата.

Против оваа пресуда, странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Заради одредени медиумски натписи кои беа лиферувани во текот на судската постапка, ја информираме јавноста дека кривично - правниот предмет, согласно поднесениот обвинителен предлог, а и како што Јавниот обвинител и бранителот на обвинетите изјавија во судот, се однесува само на наведеното кривично дело и не е поврзан со автобуската сообраќајна несреќа која во ноември 2021 година се случи во Р.Бугарија.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_