СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Njoftim për opinionin
|
16 Kor 2024
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, На главната расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „Синџир“, одржана на 15.07.2024 година, 4 физички и 4 правни – обвинети лица во предметот, го искористија Законски дозволеното право да ја признаат вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар.
Согласно нивното признание, предметот против нив беше раздвоен со нов број, односно КОК бр. 105/24 за кој пресудата ќе биде објавена на 17.07.2024 година во 09:00 часот во Судница 1, за што странките во постапката се веќе известени.
Претходно, други шест физички и шест правни лица ја признаа вината за делата кои им се ставаат на товар, а пресудата за нив беше објавена на 09.07.2024 година.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.