СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за Организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓи предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 02.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени.
За сите останати предмети кои се од јавен интерес и кои ги следат медиумите и невладините организации, веднаш штом ќе бидат насрочени ќе бидат објавени на веб страната на судот во делот календар за судење.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.