СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  27.7.2021
Во однос на тенденциозните обиди да се дискридитира работата на Кривичниот суд и да се манипулира со официјалните информации кои судот ги објавуа, а се од интерес на јавноста и се во правец на транспарентно и отчетно работење, Кривичниот суд Скопје, уште еднаш, ја информира јавноста дека:

Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор за Д.Р.- осомничен во предметот познат како „Нелегална набавка на софтвер“, од страна на Кривичниот совет е отфрлен како неоснован со оглед да со решението за продолжување на мерката – куќен притвор од 02.07.2021 година  не опстојува дополнителна мерка - Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација, што е евидентно и од самото решение на Кривичниот совет достапно во прилог.

КИОК КС

Не спорно е дека токму Кривичниот совет на овој суд, по добиена жалба на Јавниот обвинител, изјавена против решение на судија на претходна постапка, на 21.04.2021, ја уважил жалбата и мерката куќен притвор ја заменил со мерка ефективен притвор. Мерката притвор од Кривичниот совет на 20.05.2021 година била продолжена за нови 30 дена, за на 04.06.2021 Апелациониот суд – Скопје да го укине решението на советот и да определи мерка – куќен притвор со дополнитечлни мерки за претпазливост. Но, на 02.07.2021, по предлог на надлежниот обвинител, од страна на Кривичниот совет, мерката куќен притвор е продолжена без дополнителни мерки за претпазливост, кое решение на советот е доставено до Јавниот обвинител и потврдено од Апелациониот суд Скопје.

Заради сето тоа, Кривичниот совет, водејќи се исклучиво по Законските одредби и ценејќи дали е прекршена определената мерка која опстојува со решение во моемнтот на поднесениот предлог, донел одлука за одбивање на предлогот.

                Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_