СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
13.1.2025
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, денска на Основниот кривичен суд Скопје му обезбеди донација од 10 лап – топ компјутери во вредност од околу 8.000 долари, наменети за одделението за организиран криминал и корупција.

Новата техничка опрема е со најсовремен софтвер и истата ќе се користи за потребите на водење на судските постапки во одделението за организиран криминал и корупција односно за изведување на електронските докази во постапките.
Опремата е од значителна потреба за Кривичниот суд, а истата ќе придонесе за поголема ефикасност и економичност на постапките преку аудио и визуелна презентација на предложените докази во судниците.
Кривичниот суд Скопје, јавно ја изразува поддршката која ја добива до Американската Амбасада во Скопје изразена преку донациите и обуките кои се организирани и финансирани од Амбасадата, а наменети за судиите при овој суд.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.