СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 29.03.2017 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 29.03.2017

Соопштенија за јавност  |  29.3.2017
Почитувани На ден 28.03.2017 година в.д Претседателот на судот го достави до судиите Годишниот распоред за работа за 2017 година. При изготвувањето на распоредот се имаа во вид мислењата на судиите од седницата одржана на ден 17.03.2017 година.

Почитувани

На ден 28.03.2017 година в.д Претседателот на судот го достави до судиите Годишниот распоред за работа за 2017 година. При изготвувањето на распоредот се имаа во вид мислењата на судиите од седницата одржана на ден 17.03.2017 година. Некои од желбите на судиите имаше можност да бидат уважени, а за некои ќе се створи можност во текот на годината.

При изготвувањето на распоредот се имаше во вид состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето  по некои видови предмети утврдена со законските рокови.

Исто така, се имаше во вид и оптовареноста на секој судија поединечно со предмети како и досегашните забелешки и мислења од повисоките судски инстанци во врска со работата на судот.

Распоредот во писмена форма е доставен до секој судија кој може да достави приговор за неговото распоредување до Врховниот суд на РМ.

Во моментот се применува досегашниот распоред на работа и закажаните судења се одвиваат според тој распоред. Новиот распоред ќе се применува кога истиот ќе стапи во сила.

Со почит

Основен суд Скопје 1 – Скопје

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_